Дома Фудбал Чави не се откажува: Повторно разговарав со Дембеле

Чави не се откажува: Повторно разговарав со Дембеле

Тренеот на Барселона, Чави не се откажува од намерата да го убеди Осман Дембеле да остане на „Камп Ноу“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Пред неколку дена сите медиумите објавија дека преговорите се прекинати и дека Дембеле сигурно ќе замине на крајот на сезоната како слободен агент.

Менаџерот на фудбалерот, Муса Сисоко побарал годишна бруто плата од 40 милиони евра, плус бонуси при потпис на договорот.

„Преговорите се во тек. Некогаш менаџерите ги прават работите да бидат тешки. Нашата позиција е јасна, процесот се уште трае. Оптимист сум, верувам дека Дембеле ќе остане“.

„Повторно разговарав со него. Не сум разочаран и покрај тоа што неговиот менаџер не сака да разберe дека се наоѓаме во тешка ситуација. Ние составивме добра понуда за Дембеле. Сметам дека ова е добра шанса за него и дека не би требало да ја пропушти“, изјави Чави.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Кој е познатиот навивач кој на Светското првенство стои како статуа – зошто го нарекуваат „живата статуа“?

ЗНАМЕНИТИОТ навивач на Демократската Република Конго, наречен „жива статуа“, го направи св…