Дома Фудбал Англија Тухел му одговори на Лукаку: Навистина не го разбирам!

Тухел му одговори на Лукаку: Навистина не го разбирам!

Ромелу Лукаку минатото лето го напушти Интер и за 115 милиони евра се пресели во Челзи.

Белгискиот напаѓач сега го „отвори срцето“ и призна дека не е среќен во Челзи, им се извини на фановите на Интер и потврди дека еден ден ќе се врати.


Нема одмор, по ЛШ не чека супер викенд: Тука е и Фантази! ↓↓↓


Неговите изјави по се изгледа не ги „воодушевија“ челниците на Челзи, но ниту тренерот Тухел кој изјави дека Лукаку избрал лош момент.

„Искрено, не ми се допаѓа што го кажува сето ова бидејќи прави непотребна врева во соблекувалната што сега не ни треба и сигурно нема да ни помогне. Разговарав со Лукаку отворено и изненаден сум што го стори тоа. Ќе разговараме со него да видиме што се случува“, истакна Тухел.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Германија фаворит да биде домаќин на уште едно Европско првенство

Летово Германија беше домаќин на Европското првенство во фудбал, а сега Германците се одлу…