Каталонскиот „Спорт“ пренесува дека најскапиот играч во историјата на Барселона постигнал договор со Јувентус.
Осман Дембеле летото 2017 година пристигна во Барселона за оштета од 135 милиони евра, но десното крило од тогаш не игра според очекувањата. Сепак, Барселона сакаше да го задржи и се преговараше за нов договор.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сепак, платата која му ја нудеше Барселона на Дембеле беше пониска од актуелната па Французинот ја одби таа понуда. Со оглед на тоа дека договорот му завршува на крајот од сезоната на половина од сезоната може да преговара со заинтересираните клубови.
„Спорт“ пишува дека Дембеле добил две официјални понуди од Манчестер Јунајтед и Јувентус и се договорил со италијанскиот клуб. Се додава дека Дембеле имал можност да потпише и преддоговор, меѓутоа агентот го советувал се да остане на усмен договор поради третата понуда која би можела да пристигне од ПСЖ.