Најдобриот фудбалер на светот и ѕвезда на Реал Мадрид, Кристиано Роналдо треба да донесе голема одлука во следните денови.
Португалецот има 13 дена да признае дека е виновен по обвинението за затајувње на данок, откако пред една недела се изјасни како невин во судот.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Според шпанските медиуми, доколку Роналдо не го погази егото и ако продолжува да се изјаснува како невин, шпанскиот суд би можел да го осуди на седум години затвор.
Доколку Роналдо признае дека е виновен, пресудната најверојатно ќе биде најмногу до две години, што ќе му овозможи на фудбалерот да ја исплати казната и да го избегне затворот.
На ист таков начин Лео Меси се спаси од решетки, откако беше осуден на 21 месец затвор, но претходно призна дека е виновен.
Според шпанските закони пресуда до 24 месеци затвор може да се компензира со одредена сума на пари.