Дома Фудбал Англија Саутемптон го запре Тотенхем, Вест Хем убедлив🎥

Саутемптон го запре Тотенхем, Вест Хем убедлив🎥

Тимот на Антонио Конте одигра само реми на гостувањето кај Тотенхем, додека Вест Хем запиша висока победа против Ватфорд и ја потврди добрата форма.

Тотенхем не успеа да слави на гости против Саутемптон иако имаше играч повеќе поради исклучувањето на Мохамед Салису.


Нема одмор, по ЛШ не чека супер викенд: Тука е и Фантази! ↓↓↓


Саутемптон одлично го почна натпреварот и поведе со гол на Ворд-Праус во 25-та минута. Но работите се променија откако Салису го доби вториот жолт картон, тој воедно и направи пенал кој го реализираше Кејн за 1-1.

Вест Хем со 1:4 славеше кај тимот на Ватфорд, иако домаќинот по само 4 минути игра преку Денис дојде до стартно водство. Соучек и Бенрама се погрижија за пресврт до одморот. Во вториот дел, Марк Нобл од пенал и Никола Влашиќ го комплетираа триумфот.

Кристал Палас го совлада Норвич со 3:0.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Во Шпанија бесни: Ваков пенал може да добие само Реал Мадрид 🎥

Реал Мадрид вчера славеше уште една победа во Примера откако пред својата публика го совла…