Фудбалерот на Баерн Минхен, Алфонсо Дејвис е познат по својата брзина, но тој веќе не е најбрзиот играч во Бундеслигата, не во оваа сезона.
Според најновите податоци најбрз во Бундеслигата е дефанзивецот на Мајнц Џери Сент Џуст кој забележал брзина од 36.63 километри на час. Овој фудбалер веќе третата сезона е дел од Мајнц каде што пристигна од Феенорд.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Првата ѕвезда на Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд е на петтата позиција со 35.94 километри на час.
1. Џери Џуст (Мајнц) – 36,63 км/ч
2. Алфонсо Дејвис (Баерн) – 36,37 км/ч
2. Кевин Шаде (Фрајбург) – 36,37 км/ч
4. Брајан Ласме (Арминија) – 36,08 км/ч
5. Ерлинг Халанд (Борусија Д) – 35,94 км/ч