Дома Трансфер зона Дали овој голем талент веќе го изигра последниот меч за Барселона!?

Дали овој голем талент веќе го изигра последниот меч за Барселона!?

Австрискиот млад напаѓач Јусуф Демир важи за голем талент, но најверојатно веќе го изигра последниот меч за Барселона.

Причината за тоа се крие во интересната клаузула која ја има во неговиот договор. Како што е познато 18-годишниот Демир е сопственост на Рапид Виена и игра на „Камп Ноу“ како позајмен фудбалер.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Во договорот помеѓу двата клуба има клаузула според која Каталонците се задолжени да го откупат талентот за 10 милиони евра, доколку Дамир одигра 10 меча за Барселона.

Во моментов тинејџерот има одиграно 9 меча во сите натпреварувања за Барса, но поради финансиската ситуација клубот одлучи да не го откупува и нема да плати 10 милиони евра.

18-годишниот Демиер е меѓу првите кои што ќе го напушти „Камп Ноу“ во јануари, а Барселона сака да се ослободи од уште неколку фудбалери на кои Чави нема да смета во иднина.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…