Дома Топ вести Јувентус испрати прва понуда за Икарди

Јувентус испрати прва понуда за Икарди

Јувентус се надева дека во зимскиот преоден рок може да се засили со Мауро Икарди од Пари Сент Жермен.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Икарди не добива голема минутажа во Париз поради големата конкуренција и побарал трансфер, а медиумите тврдат дека сака да се врати во Серија А.

Неодамна претседателот на Јувентус, Андреа Ањели се сретна во Торино со агентот на Мауро Икарди, неговата сопруга Ванда Нара и договориле соработка. Сега Јувентус спрема понуда до ПСЖ и сака да го доведе Аргентинецот на 6-месечна позајмица со право на откуп.

Според последните информации преговорите се започнати и Јувентус понудил 3 милиони евра за позајмица, плус 25 милиони евра за откуп. ПСЖ сака во договорот да има задолжителен откуп бидејќи не сака Икарди да се врати во Париз.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…