Џо Џонсон (40) се враќа во НБА лигата после три години отсуство.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Бостон Селтикси потпишаа десетдневен договор со Џонсон, а тоа го потврди и новинарот на „ЕСПН“ Адриан Војнаровски. Поради големиот број заразени играчи, НБА им дозволи на тимовите да потпишуваат краторочни договори со новите играчи.
Џонсон пред точно 20 години токму од Селтикси беше избран на драфтот, а за овој тим одигра 48 натпревари. Најдобрите денови ги помина во Атланта. Беше дел уште од Хјустон, Феникс, Бруклин, Мајами и Јута.