Дома Топ вести Готово: Барселона го договори Феран Торес за 55 милиони!

Готово: Барселона го договори Феран Торес за 55 милиони!

Барселона активираше зимска трансфер „бомба“ и го договори трансферот на напаѓачот на Манчестер Сити, Феран Торес.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Феран Торес е голема желба на тренерот Чави, кој сака да го засили нападот во зимскиот преоден рок.

Шпанецот веднаш ја прифати понудата на Каталонците, па двата клуба водеа преговори, а сега конечно најдоа заеднички јазик.

Барселона за потписот на Торес ќе плати 55 милиони евра плус 10 милиони во име на бонуси. Играчот утре треба да пристигне во Барселона на лекарски прегледи.

Младиот шпански фудбалер во 2020 година од Валенсија се пресели во Манчестер Сити, за 28 милиони евра. Досега има одиграно 43 натпревари за „граѓаните“ и има постигнато 16 гола и 5 асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…