Дома Трансфер зона Фиорентина договори големо засилување! Дали Влаховиќ заминува?

Фиорентина договори големо засилување! Дали Влаховиќ заминува?

Фиорентина постигна договор со ѕвездата на Лил и француски репрезентативецНанитамо Иконе.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Станува збор за 23-годишниот крилен напаѓач, кој минатата сезона блесна во дресот на Лил и одигра клучна улога во освојувањето на титулата.

Иконе веќе ги договорил личните услови со Фиорентина и во јануари ќе се пресели на „Артемиот Франки“, па сигурно ќе биде големо засилување во борбата за излез во Европа.

Скај Италија“ пренесува дека двата клуба веќе постигнале договор и Фиорентина за неговиот потпис ќе плати 15 милиони евра плус 10% од следната продажба.

Италијанските медиуми тврдат дека доаѓањето на Иконе значи сигурно заминување на Влаховиќ, но прашање е дали во јануари или на крајот на сезоната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…