Дома Фудбал И седми фудбалер на Реал Мадрид позитивен на коронавирус

И седми фудбалер на Реал Мадрид позитивен на коронавирус

Вирусот се прошири за краток период во соблекувалната на Реал Мадрид. Откако минатата недела беа заразени шест фудбалери, сега се појави и седми случај.

Досега во изолација се Модриќ, Бејл, Асенсио, Родриго, Марсело и Лунин, а им се приклучи и Иско, па тренерот Карло Анчелоти се наоѓа во сериозни проблеми.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Од списокот на фудбалери само Модриќ е незаменлив во стартниот состав, додека останатите се резервисти или делат минутажа во ротација како Асенсио и Родриго. Ќе потсетиме, Хрватот доби негативен тест, но се уште не може да му помогне на тимот.

Дополнителна лоша вест за Анчелоти е тоа што Касемиро е суспендиран, а Карвахал е повреден, па ниту тие нема да може да настапат на натпреварот против Атлетик Билбао, кој е закажан за среда од 21.30 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

„Чудото од дете“ веќе еднаш го одби Сити, но Гвардиола подготвува нов напад

Англискиот гигант Манчестер Сити повторно покажува сериозен интерес за чудото од дете од В…