Дома Фудбал Англија Вилијан: Од Арсенал си заминав поради навредите од навивачите

Вилијан: Од Арсенал си заминав поради навредите од навивачите

Бразилскиот фудбалер Вилијан ја откри причината за неговото брзо заминување од Арсенал на крајот на минатата сезона.

Вилијан во Арсенал пристигна како слободен агент откако истече неговиот договор со Челзи. Се очекуваше офанзивецот да ги прикаже добрите игри и на „Емирати“, затоа и доби богат договор од 240.000 фунти неделно, сепак на крајот не го оправда вложеното.

Сега Бразилецот откри дека си заминал од клубот најмногу поради притисокот од навивачите.

„Притисокот од навивачите влијаеше на мојата одлука. На социјалните мрежи добивав многу пораки, не можев да ги повредам таквите навреди. Не сакам да навлегувам во детали, на накратко не бев среќен. Кога пристигнав бев мотивиран и се чувствував добро да се прикажам во добро светло пред новите соиграчи, новиот проект…Но се разочарав и по три месеци му кажав на мојот агент дека сакам нов клуб“, изјави Вилијан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Холандија ја пречекува Србија во Лигата на нации

Холандија ќе се обиде да ја зацврсти својата позиција на врвот во групата А2 од Лигата на …