Македонија и Скопје се спремни за без дилеми најголемиот спортски настан во нашата држава, Суперкупот на Европа.
Како што е познато на „Филип Втори“ на осми август ќе истрчаат едни од најголемите фудбалски ѕвезди во светот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Град Скопје веќе информираше дека фан зоните се спремни, а на плоштадот „Македонија“ ќе биде стационирана неутралната фан зона која ќе биде отворена од 11 до 19 часот, тука ќе може да се погледнат трите најголеми трофеи во Европа од Лигата на шампионите, Лигата на Европа и Суперкупот.
Најпрво околу 12:55 часот се очекува да пристигнат фудбалерите Манчестер Јунајтед. Првиот тренинг фудбалерите на Манчестер Јунајтед ќе го одржат во 17:30 часот.
Европскиот шампион, Реал Мадрид, се очекува да пристигне еден час подоцна, тренингот на „кралевите“ е закажан за 19:30 часот.