Дома Фудбал Селекторот на Бугарија: Задоволни сме од ждрепката, целта е првото место во групата

Селекторот на Бугарија: Задоволни сме од ждрепката, целта е првото место во групата

Македонија вчера за противници во групата на новото издание на Лигата на Нации ги доби Бугарија, Грузија и Гибралтар. За селекторот на Бугарија, Јасен Петров Бугарија имала добар ждреб.

Петров не потценува никого, меѓутоа ждребот за него е добар.

„Ждрепката за нас беше добар. Не потценуваме никого, а и не сме во таква ситуација. Задоволни сме од противниците и целта е првото место. Респект имаме кон секого и треба да играме добро во секој натпревар. Ќе биде предизвик што ќе играме четири натпревари во краток период, јас само сакам да им посакам среќа на сите фудбалери, се надевам на успешна 2022 година“, изјави Петров.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Сасуоло со шест промени по дебаклот, Фиорентина не го менува тимот

Двата тима чекаат лигашка победа веќе пет натпревари. Аквилани прави голема реконструкција…