Дома Фудбал Останато Ериксен пристигна на потпис за раскинување на договорот со Интер

Ериксен пристигна на потпис за раскинување на договорот со Интер

Кристијан Ерикен на Европското првенство изминатото лето имаше срцев удар поради кој кариерата му беше доведена во прашање.

Италијанските медиуми пренесуваат дека Ериксен вчера допатувал во Милано да стави потпис на раскинување на договорот со Интер. Откако докторите на Апенините не му дозволија на Данецот со дефибрилатор да игра во Серија А раскинувањето на договорот беше неминовно.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Ериксен во Милано допатува во друштво на неговиот менаџер Марин Шотс и двајцата денес ќе се сретнат со челниците на Интер за да разговараат за целата ситуација.

Одличниот фудбалер веќе се помири со раскинувањето на договорот и веќе некое време е свесен дека ќе мора да бара нов клуб. Така Ериксен ќе стане слободен играч и ќе одлучи каде ќе ја продолжи кариерата затоа што во Англија, Холандија и Данска има право да игра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Новиот менаџер на Манчестер Јунајтед доаѓа од Серија А!

Како што пренесуваат италијанските и британските медиуми, Рубен Аморим ќе го напушти корми…