Како што е веќе познато Италија во баражот за Светското првенство ќе ја пречека Македонија во Палермо на „Ренцо Барбера“.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Според правилникот македонската репрезентација ќе може да смета на околу 1.300 влезници за овој дуел, односно 5% од вкупниот капацитет на стадинот во Палермо.




На Италија и гостуваме затоа што УЕФА одреди носителите да бидат домаќините на полуфиналните средби, а ждрепката сакаше и во случај да ги елиминираме „Аѕурите“ да играме на гости.




Во второто полуфинале Турција ќе и гостува на Португалија и кај победникот од овие две селекции ќе се игра финалниот натпревар за место на СП во Катар.