Дома Фудбал Официјално: Агуеро објави крај на кариерата!

Официјално: Агуеро објави крај на кариерата!

Серхио Агуеро денес на прес-конференцијата објави дека ја завршува својата фудбалска кариера.

Аргентинецот нагласи дека бил приморан да донесе ваква одлука поради здравствените проблеми.

„Сакам да ве известам дека одлучив да престанам да играм професионално фудбал. Ова се многу тешки моменти, но задоволен сум од одлуката која ја донесов. Моето здравје е на прво место поради проблемот кој го имав во претходниот месец“.

Ќе потсетиме Агуеро во натпреварот со Алавес беше заменет во финишот на полувремето поради болките во градите и тешкото дишење.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Младите на Динамо пред португалски тест: Бенфика е пречката до нокаут-фазата

Во Запрешиќ од 13 часот почнува двомечот меѓу младинците на Динамо и Бенфика, чиј победник…