Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп ја коментираше ждрепката во осминафиналето од Лигата на шампиони.
Ливерпул во осминафиналето силите ќе го одмери со милански Интер, а Клоп се радува што повторно ќе го посети „Сан Сиро“, каде играше против Милан во групната фаза.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Требаше да чекам 54 години за да играм на Сан Сиро, а сега по втор пат за три месеци. Се разбира дека ждребот е тежок, бидејќи тие се лидери во Италија. Интер е добар тим и се наоѓа во добар момент. Ќе видиме како ќе се одвиваат работите до февруари“, изјави Клоп.
„Нашата цел е да стигнеме што подалеку во ЛШ и тоа е патот. Добро ги познаваме Џеко и Санчез, со нетрпение ги очекуваме натпреварите“, додаде Германецот.