Дома Фудбал Чави: Го анализирав натпреварот со Баерн, не сме далеку од она што го посакуваме

Чави: Го анализирав натпреварот со Баерн, не сме далеку од она што го посакуваме

Барселона после поразот од Баерн Минхен во Лигата на шампионите утре ја очекува нов предизвик во Ла Лига и тоа против екипата на Осасуна.

Тренерот на Барселона, Чави Ернандез истакна дека дуелот во „Памплона“ ќе биде компликуван бидејќи Осасуна е тим кој добро се брани и игра со петмина во одбраната.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


„Имам чувство дека повеќе имаме психолошки потешкотии отколку физички. Ги охрабрувам играчите да се освежат и храбро да влезат во натпреварот. Повторно го гледав натпреварот и анализирав натпреварот против Баерв во Минхен. Заклучив дека не сме далеку од она што го посакуваме“, изјави Чави пред утрешното гостување.

Го пофали Лук Де Јонг, додека за Жорди Алба потврди дека има блага повреда.

„Мемфис нема да игра затоа што почетокот на сезона ја одигра секоја минута“, истакна Чави.

Натпреварот помеѓу Осасуна и Барселона се игра во недела од 16:15 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Заслужено:Палмер најдобар млад играч во Премиер лигата

Фудбалерот на Челзи Кол Палмер е најдобриот млад играч во Премиер лигата оваа сезона. Игра…