Барселона како што е познато е во лоша финансиска ситуација, но тоа сепак нема да ја спречи управата на клубот да се засили во зимскиот преоден рок.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Една од првите желби на Барселона ќе биде аргентинскиот голгетер и фудбалер на Ривер, Хулијан Алаварез. Популарниот „Пајак“ во Јужна Америка игра одлична сезона и на 44 натпревари постигна 21 гол во дресот на гигантот од Буенос Аирес.




Ангажманот на Алварез би бил одличен за Чави кој има големи проблеми во нападот каде што не може да смета на Агуеро за кој се најавува и дека поради проблемите со срцето ќе ја заврши кариерата. Тука се повредите на Брајтвајт и Ансу Фати, Дембеле неодамна се врати, но не е во формата на која треба да биде.