Дома Фудбал Останато Елмас блесна во полн сјај и го одведе Наполи во нокаут фазата од ЛЕ 🎥

Елмас блесна во полн сјај и го одведе Наполи во нокаут фазата од ЛЕ 🎥

Наполи обезбеди пласман во нокаут фазата од Лигата на Европа благодарение одличната вечер која ја имаше македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас.

Се беше отворено во групата Ц пред денешните натпревари сите четири екипи имаа шанса за пласман во следната фаза. Наполи го победи Лестер и како второпласиран заедно со Спартак Москва продолжува во второто по ранг натпреварување во Европа.

До победата Наполи дојде најмногу благодарение на Елиф Елмас кој постигна два гола. Оунас го доведе Наполи во водство уште во четвртата минута, а 20 минути подоцна Елмас зголеми на 2:0. Гостите од Англија набрзина со двата гола на Еванс во 27. минута и Девсбери Хал шест минути подоцна дојде до изедначување. На пауза се замина со 2:2.

Во второто полуврем македонскиот дијамант одново блесна и погоди во 53. минута за нова предност на италијанскиот тим. Резултатот 3:2 на крајот се покажа и како конечен, Елмас ги одигра комплетните 90 минути.

Од останатите групи во следната фаза од натпреварите одиграни во овој термин продолжија: Лион, Ренџерс, Монако, Реал Сосиедад, Франкфурт и Олимпијакос.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Роберто Солдиќ со победа на дебито во UFC!

Роберто Солдиќ го оствари својот прв триумф во UFC, победувајќи го Хаос Вилијамс на спекта…