Согласно правилниците за издавање на дозволи на клубови за учество во натпреварувања во организација на УЕФА и ФФМ за сезона 2022/23, на 09.12.2021 година започнува пријавувањето за клубовите од Прва и Втора МФЛ.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Клубовите имаат рок најдоцна до 20 декември 2021 година, да достават пријава за учество во процесот на лиценцирање до одделението за лиценцирање, каде ќе наведат за кое ниво на натпреварување аплицираат, соопштија од ФФМ.
По доставување на пријавата од страна на клубовите за соодветното натпреварување, одделот за лиценцирање ќе ја достави потребната документација до клубовите и ќе ја проследи информацијата до соодветните тела / комисии на ФФМ за понатамошно постапување.
Фото: ФФМ