Дома Топ вести Дали и ова ќе го одбие Венгер и управата: Пристигна неверојатна понуда за Санчез?!

Дали и ова ќе го одбие Венгер и управата: Пристигна неверојатна понуда за Санчез?!

Францускиот шампион, Монако одлучи да ја тестира одлучноста, Арсенал да го задржи Алексис Санчез, така што на „Топчиите“ ќе им понуди 50 милиони евра. Ова го објави британски „The Sun“, но по оној на Нејмар многумина сметаат дека веќе секој трансфер е остварлив.

Монако може, неодамна продадоа тројца фудбалери, Менди, Бакајоко и Бернардо Силва на Островот за преку 150 милиони, така што во касата на францускиот состав има простор за трошење.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


„Кнежевите“ чувствуваат дека можат да ја искористат Венгеровата желба да не остане без пен следното лето кога на Чилеанецот ќе му истече договорот.

Санчез би требало да биде замената за шпицот на Монако, Килијан Мбапе, тинејџерот од кого се очекува преминување во Реал Мадрид за 180 милиони евра.

Исто така, и тренерот на Монако, Леонардо Жардим смета дека големата желба на Манчестер Сити, Санчез во неговиот тим би можел да донесе големо искуство, а покрај монденскиот живот во Монте Карло ќе му понудат и фантастични 330 илјади евра неделно.

И после се, дали сепак ова може да се одбие?

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Историјата е испишана: Леверкузен влезе во друштво на Јувентус, Милан и Арсенал

Баер Леверкузен денес во последното коло славеше победа од 2:1 против Агусубург и така ост…