Дома Фудбал Останато Касано: Роналдо ми го најде бројот за да ми каже дека тој имал 750 гола, а јас 150

Касано: Роналдо ми го најде бројот за да ми каже дека тој имал 750 гола, а јас 150

Антонио Касано често пати се појавува во италијанската јавност со свои изјави, посебно во емисијата на Бобо Виери на Твич каде што повторно беше гостин.

На неговото последно гостување тој откри дека добивал пораки од Роналдо додека бил во Јувентус. Касано знаеше да го критикува Роналдо додека тој играше за Јувентус, а тоа не му се допаднало на Португалецот.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Добив неколку пораки од шпански број, беа четири долги пораки. Роналдо ми пиша дека треба да имам поголема почит кон него поради титулите. Но, јас не се плашам да ја зборувам вистината“.

„Го прашав Буфон од каде Роналдо го има мојот број. Џиџи му одговори дека тој го дал бројот на луѓето во прес службата, а тие потоа го дале на Роналдо за да ми каже дека постигнал 750 голови, а јас 150“, откри Касано.

Роналдо во дербито против Арсенал во четвртокот стигна и до бројката од 801. гол во кариерата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Влаховиќ е примарна трансфер цел на Арсенал

Раководството на Јувентус не исклучува продажба на Душан Влаховиќ на крајот на сезоната, п…