Италијанскиот стратег Карло Анчелоти на одличен начин го води Реал Мадрид.
„Кралевите“ се лидери во шпанската Ла Лига и го обезбедија пласманот во нокаут фазата од Лигата на шампионите, а играта на гигантот од Мадрид е навистина одлична.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Анчелоти има необичен метод и го замолил Куртоа да им „пушта“ голови на напаѓачите на тренинзите.
„Се чувствувам посебно кога Анчелоти ме споредува со големите голмани кои гхи тренирал. Исто така ме замоли понекогаш да им „пуштам“ голови на нашите напаѓачи за да добијат самодоверба“, изјави Куртоа за белгиските медиуми.
Вториот Белгиец во Реал, Еден Азар баш и не се прослави, меѓутоа Куртоа верува дека ќе дојдат и за него добри денови.
„Најдоброто од него допрва следува. Убеден сум во тоа. Еден ќе има доволно натпревари да покаже што знае“, истакна белгискиот голман.
Одличниот чувар на мрежата член на Реал Мадрид е од 2018 година и за клубот настапи на 149 натпревари.