Новиот тренер на Тотенхем, Антонио Конте инсистира да бидат активни во јануарскиот преоден рок.
Спортскиот директор на клубот, Фабио Паратичи, како и тренерот Конте не ги кријат имињата на петте желби кои сакаат да ги купат во следниот период.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
На листата со желби се тројца фудбалери од Серија А, а тоа се Николо Барела, Франк Кеси, како и Душан Влаховиќ. Конте е во одлични односи со Барела со кој соработуваше во Интер, но тој во моментов е најскап избор, па поради тоа втората опција е Кеси.
Кеси и Влаховиќ имаат договори до следното лето, па Тотенхем се надева дека во јануари нема да биде премногу висока цената на играчите.
Четвртата желба е Денис Закарија од Борусија Менхенгладбах, а тој има договор со германскиот гигант, но и желба да игра во Премиер лигата.
Последен на листата на Паратичи и Конте е дефанзивецот на Фенербахче, Ким Мин-Же, кој треба да ја засили одбранбената линија пред голманот Уго Лорис.