Еминентниот шпански весник „АС“ пренесува дека Роберт Левандовски му соопштил на Баерн Минхен дека не е задоволен и сака да ја промени средината.
Според „AС“, Левандовски им рекол на своите агенти дека сака да ја продолжи кариерата во Реал Мадрид и ќе побара од раководството на Баерн да го пушти да си замине следното лето.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Полјакот следното лето влегува во последната година од договорот и нема никаква намера да го продолжи договорот.
Реал Мадрид следното лето планира да реализира неколку трансфери, како што се тие на Килијан Мбапе и Ерлинг Халанд, кои ќе бидат приоритет наместо 33-годишниот напаѓач.
Наводно и Баерн смета дека ова е вистинско време за негова продажба и сака како негова замена за го донесе Халанд или Влаховиќ.