Стратегот на Вардар, Веселин Вујовиќ зборуваше пред медиумите после поразот на Вардар од Кил со 32:30.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Вардар не одигра лош натпревар, беше достоен противник на фавортитот но на крајот сепак мораше да се помири со шестиот пораз во низа во Лигата на шампионите.




„Испаќам прво честитки до мојот колега. Одиграа добар натпревар во убава атмосфера како и што секогаш е тука. Ситуацијата за нас е малку депресивна, секогаш сме блиску, но на крајот остануваме без бодови. Тешко е, но ќе се обидеме да направиме нешто во последните натпревари. Кил е најдобриот тим во Европа, во Германија можеби во историјата воопшто. Заостанувавме, но цело време се боревме, на крајот Кил победи. Сега сме фокусирани на дуелот со Загреб во кој сакаме да победиме“, изјави Вујовиќ.
Фото: РК Вардар / Денис Дуковски