Aпелациониот суд во Нови Сад ја потврди одлуката за исфрлување на судијата Срѓан Обрадовиќ од фудбалот во наредните 10 години.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
На поранешниот арбитар од Јагодина му е изречена „забрана за вршење на дејноста судии и сите други дејности во Фудбалскиот сојуз на Србија“. Апелацијата практично ја потврди пресудата на судот во Нови Сад од 26. март на кој на Обрадовиќ истовремено му е одредена и казна затвор од 15 месеци.




На Обрадовиќ му се судеше за злоупотреба на судиската позиција во 2018 година на натпреварот помеѓу Суботица и Раднички Ниш кој заврши со резултат 2:0. По натпреварот Обрадовиќ беше уапсен.