Дома Македонски спорт Шпанците го сместија Барди помеѓу десет ѕвезди од Ла Лига кои можат бесплатно да заминат

Шпанците го сместија Барди помеѓу десет ѕвезди од Ла Лига кои можат бесплатно да заминат

Шпанците имаат високо мислење за Енис Барди, а тоа го покажува и последното рангирање на „Ел Дисмарк“ кој го смести македонскиот фудбалер помеѓу десетте фудбалери кои можат бесплатно да си заминат.

Барди во редовите на Леванте дојде во 2017 година, а сезонава на шпанскиот тим не му оди и после 15 кола тие се последни на табелата во Шпанија, па постои можност Барди да ја промени средината.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Барди има слична вредност како Аднан Јанузај од 12 милиони евра и од јануари ќе може да преговара со заинтересираните клубови. Евентуално испаѓање на Леванте сигурно ќе донесе сценарио во кое тој ќе си замине“, пишува шпанскиот весник.

Во редовите на Леванте Барди дојде за 1.5 милион евра летото 2017 година од унгарскиот Ујпешт. Барди и во претходниот летен преоден рок се поврзуваше со заминување и со други клубови, но на крајот остана, ќе видиме каква ќе биде ситуацијата ова лето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Арсенал и Манчестер Јунајтед се „тепаат“ за ѕвездата на ПСЖ

Францускиот репрезентативец Коло Муани сака да го напушти ПСЖ во зимскиот преоден рок. Кол…