Дома Фудбал Англија Клоп за „Златната топка“: Новинарите гласаат, тоа е нивна грешка

Клоп за „Златната топка“: Новинарите гласаат, тоа е нивна грешка

Најактуелна тема денес е секако „Златната топка“ која му припадна на Лионел Меси, па за тоа зборуваше и тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп.

Според многумина наградата требаше да ја добие Роберт Левандовски, а така смета и Клоп.

Екранизација, задоцнет развој, аутизам, инклузија – што треба да знаат родителите


„Меси како Меси, секогаш е меѓу најдобрите, не е грешка ако му ја дадете оваа награда, но ако оваа сезона „Златната топка“ не му дадоа на Роберт Левановски, тогаш нема да се случи никогаш“, изјави Клоп.

Еден од новинарите го праша Клоп што мисли за тоа дека неговиот омилен играч, Мохамед Салах заврши дури на седмото место во светот.

„Искрено не сум изненаден, но тоа не беше мој избор. Мислам дека новинарите гласаат, тоа е ваша грешка, твоја и на твоите колеги. Требаше да ги убедите вашите колеги ако мислите дека Салах заслужува повеќе од седмото место“, коментираше Германецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Првото нерешено на Ливерпул сезонава не го стопли “Енфилд”

Ливерпул не успеа да го надгради успехот и релативно добрата игра против Вест Хем пред нек…