Дома Фудбал Останато Официјално потврдија колку време ќе паузира Нејмар

Официјално потврдија колку време ќе паузира Нејмар

Ѕвездата на ПСЖ, Нејмар ќе се рехабилитира помеѓу шест и осум недели од повредата со која се здоби на мечот со Сент Етјен.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Оваа информација денес официјално ја потврди клубот, после деталните прегледи кои му беа направени на Бразилецот.

Нејмар има повреда на глуждот, како и оштетување на лигаментите. Од клубот потврдија дека во следните 72 часа на Нејмар повторно ќе му бидат направени прегледи.

„Тестовите направени во неделата вечерта потврдија дека има оштетување на лигаментите на левиот зглоб. Затоа Нејмар ќе биде надвор од терените шест до осум недели. За 72 часа ќе бидат направени нови тестови за прецизно да се утврди тежината на повредата“, соопштија од ПСЖ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ибра го откри својот најголем фаворит на Мундијалот: Немаат конкуренциај, не гледам кој би ги запрел…

Досега на Светското првенство, Франција остави најсилен впечаток. Екипата на Дидие Дешамп …