Вечерва во Париз ќе се одржува церемонијата за доделување на „Златната топка“, а неколку часа пред почетокот познат е лауреатот.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Имено, директорот на „Скај Италија“, Алесандро Алчато и еден од најдобро информираните новинари во светот индиректно на Твитер потврди дека добитник на „Златната топка“ ќе биде Лионел Меси.




Ова за Меси ќе биде седма „Златна топка“. Аргентинецот минатата сезона немаше значителни резултати со Барселона, но ја освои Копа Америка со аргентинската репрезентација.




Најголема конкуренција на Меси му беа Роберт Левандовски и Карим Бензема, но како што стојат работите се чека само потврда и мали се шансите за изненадување.
30/9/2021 https://t.co/u02cuXMo3N
— Alessandro Alciato (@AAlciato) November 29, 2021