Дома Македонски спорт Мак фудбал ВМФЛ – Запад: Вардар поразен од Воска на дербито во Охрид, Силекс сигурен

ВМФЛ – Запад: Вардар поразен од Воска на дербито во Охрид, Силекс сигурен

Во еден од најважните натпревари во сезоната во Втората лига – Запад Воска спорт го доби Вардар во Охрид со 2:1 и им врати на црвено-црните за поразот во првиот натпревар сезонава.

Воска брзо стигна до предност преку Изаир Емини уште во третата минута, а пред крајот на полувреме Елмир Алији зголеми на 2:0. Вардар до крајот само преку Трајче Стојковски во 87. минута успеа да го ублажи поразот.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Силекс продолжи сигурно да чекори кон првата лига и со 3:0 славеше против Охрид. Тетекс на гости триумфираше против Кадино, Велешта и Кораби одиграа 2:2, а Беса и Гостивар 1:1.

На врвот на табелата сега Силекс има 33 бода на првата позиција, Воска дојде до 25 бода, а Вардар остана на 20.

Фото: ФК Вардар

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Агрегаторите да ги почитуваат авторските права на интернет порталите, преземањето на содржините како до сега е неприфатливо

Интернет порталите изразуваат спремност за разговор и договор со агрегаторите, но потпишаа…