Дома Останати Кошарка НБА Сакраменто во ефикасен меч ги доби Лејкерси на гости, Денвер не може без Јокиќ 🎥

Сакраменто во ефикасен меч ги доби Лејкерси на гости, Денвер не може без Јокиќ 🎥

После еден ден пауза изминатата ноќ повторно се вратија возбудувањата во најсилната кошаркарска, НБА лига.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Тимот на Денвер претрпе пораз од Милвоки со 109:120. За Бакси ова беше четврти пораз едноподруго откако Никола Јокиќ е надвор од терените поради повреда. Јанис Антетокумпо беше најефикасниот со 24 поени, а додаде уште 13 скока и 7 асистенции. Во редовите на Денвер најмногу поени постигна Ерик Гордон (18).

Натпреварот на кој се постигнаа најмногу поени во вечерта го одиграа Лејкерси и Сакраменто. Во „Стејплс центарот“ на крајот славеа гостите после продолженија со 137:141. Интересно е што само во продолженијата се постигнаа дури 78 поени, додека во регуларниот дел беше 100:100. Фокс од Сакраменто беше најефикасниот со 34 поени, Леброн уфрли 30 и додаде 11 асистенции.

Атланта успеа да слави против Мемфис со 32 поени разлика. Предвник на Атланта беше Трае Јанг со 31 поен, се истакна и Клинт Капел со 23 поени со 17 скокови.

НБА РЕЗУЛТАТИ:

Л.А.Клиперс – Детроит  107:96

Шарлот – Минесота 133:115

Њујорк Никс – Феникс  97:118

Орландо – Чикаго  88:123

Индијана – Торонто  114:97

Мемфис – Атланта  100:132

Оклахома – Вашингтон  99:101

Сан Антонио – Бостон 96:88

Денвер – Милвоки  109:120

Јута – Њу Орлеанс  97:98

Голден Стејт – Портланд  118:103

Л.А. Лејкерс – Сакраменто  137:141

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…