Најголемиот трансфер во историјата на фудбалот е официјализиран во текот на попладневните часови денес, откако Барселона потврди дека ПСЖ ја платиле клаузулата за Нејмар.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Барселона се огласи со официјално соопштение во кое се наведува дека правните застапници на бразилскиот фудбалер во текот на ова попладне пристигнале и ја активирале откупната клаузула.
На сите им е познато дека ПСЖ за овој трансфер мораше да издвои 222 милиони евра, што е најголема сума воопшто платена за еден играч во историјата на фудбалот.
Во соопштението на Барселона се наведува дека договорот помеѓу клубот и играчот е раскинат по исплатата на откупната клаузула што значи дека Нејмар е од денес слободен да потпише договор со новиот клуб.
Важно е да се истакне и тоа дека во соопштението на Барселона стои дека УЕФА ќе ги добие сите неопходни документи врзани за овој трансфер.
FC Barcelona communiqué on Neymar Jr https://t.co/G87wtAhVxe
— FC Barcelona (@FCBarcelona) August 3, 2017