После Душан Влаховиќ Јувентус покажува интерес и за уште еден напаѓач од репрезентацијата на Србија, Александар Митровиќ.
Италијанскиот „Тутоспорт“ пренесува дека директорот на Јувентус Федерико Черубини останал во Лондон после поразот на „старата дама“ од Челзи во Лигата на шампионите за да ја разгледа опцијата за нови засилувања.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Се наведува дека Јувентус сигурно не би ги довел и Влаховиќ и Митровиќ. Напаѓачот на Фулам наводно е план „Б“ ако не успеат да го доведат Влаховиќ кој е прв желба. Сепак преговорите со Фиорентина не одат лесно, последните информации се дека Јувентус сака да понуди околу 50 милиони евра, а Фиорентина бара 70.
За Митровиќ сигурно Јувентус би платил далеку помалку. Сезонава во Фулам Митровиќ одигра 18 натпревари во Чемпионшиш и постигна 21 гол. За репрезентацијата го постигна одлучувачкиот гол против Португалија со кој и донесе победа на Србија за директен пласман на Мундијалот во Катар.