Дома Македонски спорт Барди стана четврти фудбалер со најмногу настапи за Леванте во Ла Лига

Барди стана четврти фудбалер со најмногу настапи за Леванте во Ла Лига

Македонскиот репрезентативец, Енис Барди влезе во историјата на Леванте како четврти фдбалер со најмногу настапи за шпанскиот клуб. Натпреварот против Атлетик Билбао за Барди беше 126. во најсилното шпанско првенство.

Lazar Keskinov

Во редовите на шпанскиот тим Барди дојде од Ујпешт за сума од 1.5 милион евра. Барди во Леванте пристигна во 2017 година и од тогаш се промовираше како еден од најдобрите шутери во шпанското првенство.

Lazar Keskinov

Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Пред Барди со настапи за Леванте во Ла Лига се Моралес со 223, Роџер има 159 и Хуанфран има 153 настапи.

„Гордост е да се биде дел од историјата на овој клуб. Не е мала работа да бидете во друштво на Педро Лопез, Моралес, Роџер, Хуанфран…На Педро му кажав дека не ни сонував дека ќе дојдам до толку натпревари. Среќен сум во Леванте и ќе направам се за да останеме во лигата, навивачите го заслужуваат тоа“, изјави Барди.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Атлетико Мадрид му нуди трампа на Манчестер Јунајтед

Атлетико Мадрид покажува силен интерес за Мејсон Гринвуд кој оваа сезона играше на по…