Дома Фудбал Останато Aнгеловски: Фенербахче испрати понуда, но се одлучи за Витор Переира

Aнгеловски: Фенербахче испрати понуда, но се одлучи за Витор Переира

Поранешниот селектор на Македонија Игор Ангеловски во изјава за турските медиуми потврди дека постоела понуда од Фенербахче.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Во текот на летото Ангеловски се поврзуваше со повеќе клубови, но до овој момент се уште е без ангажман. Еден од клубовите кои беа во игра беше и Фенербахче, сепак на крајот турскиот гигант се одлучил за Витор Переира.

„Постоеше понуда од Фенербахче, меѓутоа на крајот претседателот се одлучи за Витор Переира и таа приказна тука заврши за мене. Сепак, среќен сум што бев кандидат за тренер на клуб каков што е Фенербахче. Ако сте биле кандидат на добро познат тоа е потврда за квалитетот“, изјави Ангеловски.

Последен клуб со кој Ангеловски неодамна се поврзуваше беше бугарскиот Лудогрец.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Реал Мадрид донесе одлука: Eндрик заминува во Премиер лигата!

Бразилскиот дијамант не успеа да се избори за место во ѕвездената екипа на Реал, а клубот …