Дома Фудбал Англија Ерик тен Хаг претставил концепт за развој на Манчестер Јунајтед

Ерик тен Хаг претставил концепт за развој на Манчестер Јунајтед

Актуелниот тренер на Ајакс, Ерик тен Хаг ја претставил својата концепција за развој  на Манчестер Јунајтед, пренесуваат медиумите на Островот.

Според информациите 51-годишниот холандски тренер започнал преговори со раководството на клубот и ги запознал „црвените ѓаволи“ со своите методи на работа.

Јунајтед е во потрага по нов менаџер после отказот на Оле Гунер Солскјер и во моментов се споменуваат многу тренери кои се на списолот  на клубот.

Зинедин Зидан веќе ја одбил понудата на „црвените ѓаволи“, па во моментов главни кандидати покрај Тен Хаг се уште Маурисио Покетино и Брендон Роџерс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Сандерленд преживеа шок и удри во 93-та: Ле Бри ужива во европската авантура

Сандерленд стигна до втора победа во Лигата на Европа, откако Ноа Садики погоди во 93. мин…