Eден од најистакнатите во претходното коло во македонското фудбалско првенство беше репрезентативниот голман на Македонија У21, Давид Денковски.
Иако Брегалница беше поразена сепак Денковски се истакна со неколку одбранети зицери, а најмногу со двата одбранети пенали на Егзон Бејтулаи и Љупче Дориев.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Мило ми е за мојата приказна, но се ќе беше многу послатко ако освоевме бараме бод. Сепак, таков е фудбал, Шкендија беше подобрито тим и честитки до победа, сега се фокусираме на мечот со Силекс во купот“, истакна младиот голман за Спортски
Навистина не е често случај еден голман да одбрани два пенали, па имаше ли посебна подготовка?
„Не, со Дориев заедно трениравме во Академија Пандев и често шутиравме пенали. Тој е непредвидлив и тешко може да се подготвите однапред. Двата пенали беа интуиција, на крајот се испадна добро“, ни изјави Денковски.
Пред Брегалница сега е натпреварот од Купот против екипата на Силекс во среда од 13:00 часот.
Фото: ФК Брегалница