Дома Македонски спорт Мак фудбал 14. коло ПМФЛ: „Лавовите“ сакаат продолжување на серијата во „Автокоманда“!

14. коло ПМФЛ: „Лавовите“ сакаат продолжување на серијата во „Автокоманда“!

Денес во рамките од 14. коло во ПМФЛ се игра еден натпревар, Скопје ја пречекува Македонија Ѓорче Петров од 13:00 часот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Македонија Ѓорче Петров конечно во последните три натпревари почна да излегува од кризата. После низата лоши резултати „лавовите“ на последните три средби предводени од Муарем Бајрами збаележаа две победи и едно реми. Ремизираа против Струга дома, го победија Пелистер на гости, а во минатото коло приредија изненадување кога во Ѓорче го срушија лидерот Шкупи.

Ситуацијата со Скопје е спротивна, оваа екипа од добри резултати претходно во последните две кола е без победа. Сепак, треба да се спомене дека играа со Ренова (0:0) и Брегалница (2:1), екипи кои се на третата и четвртата позиција на табелата.

Поради актуелната форма можеби мала фаворитска улога имаат гостите, сепак Скопје сигурно дека може да им направи проблем на свој терен. Во овој момент Скопје е на деветтата позиција на табелата, а Македонија на осмата, разликата е само еден бод.

На нивната претходна средба на почетокот на сезоната во треото коло кога Скопје гостуваше во Ѓорче, Македонија забележа убедлив триумф од 5:1.

Фото: ФК Македонија Ѓорче Петров

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Шкендија: Доколку ФФМ не ја промени одлуката, го напуштаме фудбалот во Македонија

Поранешниот македонски шампион Шкендија реагираше по казната од Фудбалската федерација на …