Дома Фудбал Тежок удар за Вест Хем: Заврши сезоната за Огбона

Тежок удар за Вест Хем: Заврши сезоната за Огбона

Лоши вести пристигнуваат за тимот на Вест Хем, заврши сезоната за дефанзивецот Анџело Огбона.

Огбона ги скина предните вкрстени лигаменти на десното колено. Лошите вести ги потврди тренерот Дејвид Мојс и тоа секако е огромен удар за „чеканите“ кои одлично ја стартуваа сезоната.

Огбона од почетокот на сезоната се наметна како лидер во одбраната, но сега мора да оди на долга пауза. Пред него е оперативен зафат, па рехабилитација од колу девет месеци. Мојс ситуацијата на Огбона ја спореди со онаа на Ван Дајк кој минатата сеозна заработи слична повреда.

„Видовме колку време му беше потребно на Ван Дајк да се врати. Тешко дека ќе го имаме Огбона на располагање оваа сезона“, изјави Мојс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

По две минути повторно се повреди, но не се откажа: Бјорн ја доби најтешката битка

Натали Бјорн помина низ две последователни рехабилитации и моменти кога сакаше да се откаж…