Дома Фудбал Останато Холандски репрезентативец обвинет за обид за убиство

Холандски репрезентативец обвинет за обид за убиство

Државното обвинителство на Холандија поднело обвинение против Квинси Промес, кој е осомничен дека на семејна веселба пред нешто повеќе од една година го избодел со нож коленото на својот братучед.

На фудбалерот на Спартак Москва и репрезентацијата на Холандија му се закануваат до три години казна затвор ако се докаже вина.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Наводно Промес под дејстов на алкохол нападнал свој роднина затоа што тој наводно на трет член на нивното семејство му украл пари и накит. Роднината тоа го пријавил неколку месеци подоцна, поради што Промес неколку дена мина во притвор.

По излегувањето од притвор, Промес порачал дека невиноста ќе ја докаже на суд, но се уште не се знае кога ќе биде закажано првото рочиште.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Во Бразил бесни по поразот: Неприфатливо, игравме против судии и помошници на теренот!

Фудбалската репрезентација на Бразил доживеа пораз на гостувањето кај Боливија, каде домаќ…