Дома Македонски спорт Мак фудбал Одредени судиите за 14. коло во ПМФЛ: Ставрев ќе дели правда на А.Пандев – Тиквеш

Одредени судиите за 14. коло во ПМФЛ: Ставрев ќе дели правда на А.Пандев – Тиквеш

По репрезентативната пауза во викендот кој следи се враќа македонскиот фудбал.

На распоредот во ПМФЛ е 14. коло, а Фудбалската Федерација на Македонија ги делегираше судиите за натпреварите кои ќе се играат во сабота и недела.


1/8 финале: Италија и Германија фаворити, но ... ↓↓↓


Колото започнува в сабота со натпреварот помеѓу Скопје и Македонија Ѓорче Петров. На центарот во „Автокоманда“ правда ќе дели Јован Качевски. В недела се очекува најинтересно да биде на средбната помеѓу Академија Пандев и Тиквеш, па во Струмица ќе „свири“ нашиот најдобар судија Александар Ставрев.

Брегалница гостува во Тетово на бранителот на титулата Шкендија, таму ќе суди Стојанче Трпевски. Во Велес кај Борец гостува Ренова, тука главен ќе биде Дејан Младеновски, а на Чаир помеѓу Шкупи и Пелистер делегиран е Кирил Смоквоски. На последниот дуел помеѓу Струга Трим Лум и Работнички главен судија ќе биде Крумислав Ѓорѓиев.

Фото: Академија Пандев

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Нов Македонец во Шкотска: Трапановски потпиша за Данди

По Бојан Миовски и Давор Здравковски уште еден наш фудбалер ќе игра во Шкотска, откако Кри…