Кратовски Силекс денес се потсети на Љубисав Иванов – Ѕинго кој почина пред една година.
„Еднаш претседател – секогаш претседател. Денес се одбележува една година од смртта на Љубисав Иванов – Ѕинго.Сега, таму горе, на своите најблиски соработници ќе им ја соопшти радосната вест – Македонија ќе игра бараж за Светско првенство,нешто за кое тој ги постави темелите на 7. февруари 1993 година кога застана на чело на Фудбалскиот сојуз на Македонија – пласман на фудбалската репрезентација на Македонија на едно големо фудбалско натпреварување.Претходно,Македонија во 2020 година обезбеди пласман на ЕВРО 2020,со што оствари уште една негова желба.Наша должност е да продолжиме по патот кој тој го трасираше. Да се грижиме за македонскиот фудбал“, стои во клупското соопштение на социјалните мрежи.