Дома Фудбал Репрезентации Реми на Аргентина и Бразил, „Гаучосите“ обезбедија пласман во Катар

Реми на Аргентина и Бразил, „Гаучосите“ обезбедија пласман во Катар

Многу се очекуваше од големото јужноамериканско дерби во квалификациите за СП помеѓу Аргентина и Бразил во Сан Хуан, но на крајот натпреварот заврши без голови.

Двете најголеми јужноамерикански репрезентации не понудија кој знае каква игра, се играше многу нервоза и со малку шанси. Со овој бод Аргентина и официјално го обезбеди пласманот во Катар, Бразил тоа го направи претходно.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


За Лионел Меси тоа значи дека петти пат со Аргентина ќе игра на светските првенства, првпат настапи на Мундијалот во Германија во 2006 година.

Треба да се спомене дека Бразил играше без Нејмар. Најголемите шанси на мечот ги имаше Меси кај Аргентина и Фред кај Бразилците кога ја погоди стативата.

Во останатите натпревари Колумбија и Парагвај исто така одиграа 0:0, Еквадор го победи Чиле со 0:2, Боливија беше убедлива со Уругвај 3:0, додека Венецуела изгуби дома од Перу со 1:2.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Пред Мундијалот стигнуваат лоши вести: Некои ќе изгубат милиони, ситуацијата е апсурдна

Светското фудбалско првенство уште не започнало, а веќе се назира голем проблем кој би мож…