Дома Македонски спорт Мак фудбал Канатларовски: Франција е пресилна, но со малку среќа можевме до позитивен резултат

Канатларовски: Франција е пресилна, но со малку среќа можевме до позитивен резултат

Репрезентацијата на Македонија до 21 година вечерва на Арената Тодор Проески претрпе минимален пораз од Франција во квалификациите за Европското првенство.

Франција од почетокот до крајот на мечот доминираше и ја контролираше играта, па ја оправда улога на голем фаворит.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Одлучувачкиот момент се случи во 75-та минута, кога по грешката на Манев, Калулу го постигна единствениот гол на мечот.

„Оваа француска репрезентација е една пресилна репрезентација со голем квалитет. Голем дел од фудбалерите се во Лига 1 во Франција и играат по 90 минути. Примивме гол по наша грешка, сметам дека доколку уште малку останеше 0:0 ќе имавме некоја шанса преку контра. Со малку повеќе среќа можеби ќе имавме позитивен резултат. Но, секако дека тоа не е оправдување“, изјави Канатларовски

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Во РК Вардар пристигна засилување – „Mozzart“ нов спонзор на клубот

Најтрофејниот македонски ракометен клуб Вардар 1961 во актуелната сезона е лидер во машкат…