Дома Фудбал На тимот на Руни му се одземени нови девет бода

На тимот на Руни му се одземени нови девет бода

На англискиот второлигаш Дерби Каунти му се одземени нови бодови.

Тимот кој го води Вејн Руни остана без нови девет бода и сега има вкупно 21 оваа сезона ио на тој начин скоро сигурно е дека тие ќе се преселат од Чемпионшип во Лига 1 следната сезона.

Претходно на Дерби му се одземаа 12 бодови поради одење во стечај, а новото одземање на бодови е поради кршењето на правилата за профитабилност.

Дерби оваа сезона оствари учинок од три победи, девет нерешени и пет порази. Со тоа се наоѓаше на 20.  место на табелата со осум бодови повеќе од опасната зона. По одземањето на новите девет бода тие се последни со бодовно салдо од минус три бода.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Челси напредува во преговорите за Скот, но трката сè уште е отворена

Според Симон Филипс, Челси и Борнмут се приближиле околу сумата за Алекс Скот, но останува…